178 санкционирани возачи во Скопје: 49 за брзо возење
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

178 санкционирани возачи во Скопје: 49 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, шест мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за недавање првенство на минување на пешаци…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира...

Прегазен пешак среде Скопје – итно пренесен во Ургентен

Vesti +

Убава вест: Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк

Vesti +

Заев: Авторитарните режими се плашат од слободата на изразување и слободата на медиуми

Vesti +

ХАОС ВО НАЈАВА ВО СКОПЈЕ: Посебен режим на сообраќај на овие булевари поради протест на приватните превозници

Vesti +

„Кратки нозе“: Говорот на омраза е казниво дело

Vesti +

Маричиќ: „Отворен Балкан“ ќе носи придобивки за граѓаните без да се прави голема политичка рамка околу процесот

В+