Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 16 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 14 мерки за непрописно престројување на возила.

Изречени се 14 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, три мерки за користење мобилен телефон…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.