Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, седум за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, 47 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.