Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.