Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на Град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за нерегистрирани возила и технички неисправни возила, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат.