Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 22 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, пет санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за некористење на сигурносен појас, седум мерки за минување на црвено светло, 24 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат.