Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за возење под дејство на алкохол, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), девет за непочитување на првенство на минување, 44 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.