На 10.09.2021 во 08.00 часот во Струга на магистрален пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од 16 годишен малолетник од Р.Албанија, и товарно моторно возило „сканија“ со приколка со беровски регистарски ознаки, управувано од Б.О.(63) од Велес.

По незгодата малолетниот возач е пренесен во болницата „Св.Еразмо Охрид“ каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.