Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).

Изречени се четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, шест санкции за користење на мобилен телефон, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 44 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.