На 04.01.2022 во периодот од 06.00 до 10.00 часот на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје и магистралата Гостивар-Кичево, полициски службеници на СВР Тетово спровеле засилена акциска контрола за брзина со која се движат автобуси, минибуси и патнички возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата, биле откриени и санкционирани вкупно 15 ваков вид возила (ТЕ-10 и ГВ-5), кои ја пречекориле максимално дозволената брзина за оваа категорија учесници во сообраќајот.

Едно од возилата (ГВ) се движело со 70 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции.