Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 215 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 142 санкции, 23 за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за некористење сигурносен појас, седум за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.