Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 10 за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се девет мерки за користење на мобилен телефон, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 51 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.