Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

Санкционирани се 133 возачи, од кои 71 на територија на Скопје. При акциската контрола санкционирани се и 146 друг вид на сообраќајни прекршоци, соопшти МВР.

Најавија денеска и во наредните денови ќе продолжат со ваквите акциски контроли. Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.