Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за управување под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.