Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон седум санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 11 мерки за возење под дејство на алкохол, една санкција за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.