Во текот на вчерашниот ден (25.09.2022) во периодот од 14.00 до 19.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 121 возач. Од нив, 46 на територијата на СВР Тетово, 29 на територија на СВР Охрид…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.