15.8 C
Скопје
21/Сеп/2021
Vestiplus.mk
Home » 119 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес
+ Centar Во тренд... МАКЕДОНИЈА ТОП ВЕСТИ

119 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Во текот на вчерашниот ден (12.09.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 119 возила. Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира...

Лазаревски: Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ се елементарна непогода за Скопје и Скопјани

В+

Од дождот нема дерман – Метеоролозите најавуваат невреме и за претстојниот продолжен викенд

В+

Научниците открија остров што може да биде најсеверната точка во светот

Vesti +