Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.798 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 67, Битола – 24, Прилеп – 8, Охрид – 5, Берово – 4, Тетово и Кичево – по 3, Куманово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Кочани, Ресен, Делчево и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.

Регистрирани сe 114 оздравени пациенти од: Скопје – 66, Битола – 21, Берово и Тетово – по 4, Куманово и Струмица – по 3, Прилеп, Кавадарци, Штип и Радовиш – по 2, Кичево, Велес , Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.

Направени се 1.798 тестови преку: ИЈЗ-171, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-23, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-22, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–121, Жан Митрев (Филип Втори)-25, Авицена-32, Биотек-41, Систина-46, лабораторија Лаор-32, Синлаб-13, Ремедика-13, Плодност-7, Генеа-17, Никоб Лаб-128, ВФВ Медикал-21, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 832.

Досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 503.