Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 112 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, девет мерки за минување на возила на црвено светло, две за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за непрописно паркирање, две за нерегистрирани возила, 10 за користење на мобилен телефон, три за вградени нетестирани фолии(затемнети стакла), две мерки за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.