Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон шест санкции, три мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.