Со добра стратешка поставеност и решителност да ја подобриме состојбата и работната средина на полициските службеници, успеавме да обезбедиме половина милијарда денари со вклучен ДДВ или безмалку 10 милиони евра за нови униформи.

Специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, зимски јакни, флуоросцентни елеци, униформи за приправници, спортска опрема, цивилна облека и чевли, кошули и маици, воздухопловни јакни и комбинезони.

Одлучни сме да продолжиме и во 2022 година со системското и посветено подобрување на полицијата во насока на унапредување на перформансите во борбата против криминалот, подобрување на сообраќајната, но и целокупната безбедност на сите граѓани во нашата држава.